Букмејкерите ги одредија фаворитите за титулата во пресрет на новата сезона во Серија А која стартува следниот викенд со натпреварите од првото коло.
Како и лани, прв фаворит за „скудетото“ во пресрет на сезоната е екипата на Интер. „Нераѕурите“ го вратија Ромелу Лукаку, се засилија со Михтарјан, Онана, Аслани и Беланова, па повторно имаат комплетен тим и силна ротација. На второто место се најде Јувентус.
Третото место му припадна на актуелниот првак Милан. Интересно, во трката може да се вклучи и Рома. Тимот на Жозе Мурињо го доведе Пауло Дибала и сериозно го подобри квалитетот. Петтото место е резервирано за Наполи и Ељиф Елмас, кои котираат пред Аталанта и Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА