Гест за почит: Кулибали побара „амин“ од Тери за да го земе дресот со број 26 во Челси

Калиду Кулибали веднаш ги освојува срцата на фановите на Челси, не само со игрите на терен, туку и со односот надвор од него. Последен доказ за тоа беше телефонскиот повик на Сенегалецот до клупската легенда Џон Тери, исто така дефанзивец кој го носеше дресот со број 26 на лондонскиот клуб.

Кулибали во Наполи го носеше истиот број на дрес и сакаше да го задржи и во Челси, за што побара „дозвола“ од поранешниот капитен.

„Со задоволство ти дозволувам да го носиш дресот со број 26“, одговори Тери.

Се вчитува...