Челси го претрка Манчестер Сити: Кукуреља доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Челси е на добар пат да излезе како победник од трката по Марк Кукурелја, откако лондонскиот клуб понуди подобри услови од Манчестер Сити за да го доведе левиот бек во своите редови.

Ангажманот на Кукуреља беше еден од приоритетите на Пеп Гвардиола во овој преоден рок, но Манчестер Сити не се договори со Брајтон, кој инсистираше на 50 милиони фунти отштета, додека последната понуда на „граѓаните“ изнесуваше вкупно 40 милиони фунти.

Челси пред само два дена влезе во трката по Кукуреља и експресно постигна договор со самиот фудбалер, а во завршна фаза се и преговорите околу отштетата со Брајтон. „Сините“ понудија загарантирани 40 милиони фунти, плус десет милиони преку неколку клаузули, па се очекува Брајтон во најскоро време да ја прифати оваа понуда и да даде зелено светло за заминување на Шпанецот, кој уште пред една седмица поднесе барање за трансфер и воопшто не ги игра последните контролни натпревари.

Челси планира да доведе уште еден централен дефанзивец, но се соочува со проблеми откако Лестер побара неверојатни 85 милиони фунти за Фофана, додека Лајпциг упорно одбива да го продаде Хрватот Гвардиол.

Се вчитува...