Дрис Мертенс е на добар пат да ги разочара фановите на Наполи и по заминувањето од таборот на „сино-белите“ да се пресели во лутиот ривал Јувентус. Последниот кој направи вакво „предавство“ беше Гонзало Игуаин, трансфер што „наполитанците“ никогаш не му го простија на Аргентинецот, но „олеснителна околност“ за Мертенс е што тој си заминува како слободен играч, откако претседателот Де Лаурентис не му понуди нов договор.
Белгиецот се наоѓаше меѓу желбите на Лацио и на Интер, но последната понуда од Јувентус била повисока од оние на италијанските ривали и се очекува во наредните денови искусниот голгетер да потпише договор со „старата дама“.
Јувентус упорно бара играч кој би бил резервна варијанта за Душан Влаховиќ, но опцијата Алваро Мората пропадна, а и Вернер е многу поблиску до враќање во Лајпциг отколку до преселба во Јуве. Се разгледуваше и Луис Муриел, но Аталанта бара 15 милиони евра, додека Мертенс е слободен и без никаква отштета, што го прави екс-соиграчот на Наполи попривлечен за „црно-белите“ од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА