Борусија Дортмунд е блиску да потпише договор со играчот на Верона, Џовани Симеоне кој ќе треба да дојде на „Вестфален“ како замена за Себастијан Халер, кого го очекува пауза од неколку месеци.
„Милионерите“ го ангажираа Халер како замена за Халанд, но му беше откриен канцер на тестиси, по што беше опериран, а потоа се покажа дека е смртоносен и дека Халер ќе мора да прима хемотерапија, и ќе мора да паузира неколку месеци.
Симеоне ја одигра најдобрата сезона изминатата година во Верона. Според германските медиуми, преговорите се веќе во тек, и се очекува во следните денови да го стави потписот со „милионерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА