Фудбалскиот клуб Ајакс, им забрани на навивачите на Арената „Јохан Кројф“ да носат транспаренти на кои се бараат дресови од фудбалерите после натпреварите. Од клубот приметиле се поголем број на такви барања, а ги носат деца.
Играчите не можеле да ги исполнат сите барања, а кога ќе минеле покрај нив без да го дадат дресот, често наидувале на критики. Тоа било причината што Ајакс се одлучил на ваков потег. Исто така од клубот наведуваат дека картоните кои често се користат за написите, се опасност од пожари.
Неколку такви биле запалени на големото дерби со ПСВ во саботата во Суперкупот на Холандија. На тој меч славеше ПСВ со 5-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

