Шарл Де Кетелар пристигна во Милано на медицински прегледи по што и ќе следи официјално претставување во „црвено-црниот“ дрес.
Милан по долга борба успеа да го обезбеди потписот на големиот талент. Де Кетелар откако слета ги поздрави насобраните фанови, па кратко потенцираше дека е чест да се игра за тим каков што е Милан.
„Росонерите“ ќе платат 32 милиони евра, плус 3 милиони како евентуални бонуси, а Бриж ќе добие 12,5 проценти од евентуалниот следен трансфер на Де Кетелар.
🔴⚫🇧🇪 Visite mediche per il nuovo acquisto del #Milan Charles #DeKetelaere pic.twitter.com/zv6c6cBuiy
— Antonio Vitiello (@AntoVitiello) August 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА