Денеска во Нион, Шкендија и Шкупи ги добија можните ривали за плеј-офот во Лигата на Конференции.
Шкендија доколку го мине шведски АИК, ќе игра со поразениот од дуелот Фенербахче – Словачко во Лигата на Европа. Тетовци во првиот меч во плеј-офот би биле гости.
Шкупи, пак, доколку биде елиминиран од Шамрок во Лигата на Европа, ќе продолжи во плеј-офот во Лигата на Конференции и ќе игра со победникот од дуелот Балкани (Косово) – Клавсвик (Фарски Острови).
Претходно Шкупи го доби поразениот од Карабах – Ференцварош за ривал доколку се пласира во плеј-офот во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА