„90% од луѓето би се откажале од тенисот да беа на местото на Ѓоковиќ, но тој е борец“

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ во интервју за „Ла Република“ зборуваше за шансите Србинот да игра на УС Опен, и можноста да се израмни со Рафаел Надал со грен слем титулите.

Хрватот е песимист дека Ѓоковиќ ќе биде пуштен да игра на турнирот.

„Секогаш има надеж, Новак ќе направи се да биде таму, можеби со некаква посебна виза. Сепак, остануваат само две недели. Мислам дека шансите се еднакви на нула Бајден да ги смени правилата. За мене сето тоа е глупост, ако си вакциниран а позитивен не може да играш, а ако си невакциниран и негативен не смееш да влезеш во земјата“, рече Иванишевиќ.

На прашањето дали Ѓоковиќ размислува дури да се повлече од тенисот, Иванишевиќ одговори:

„Не, не размислувал за тоа. Тоа да се случеше на некој друг, 90% би се откажале. Но, Ноле е роден борец, гените се чудна работа“, изјави Иванишевиќ.

Се вчитува...