Мане: Роналдињо и Ел Хаџи Диуф беа моите идоли

Ова лето, Садио Мане се пресели од таборот на Ливерпул во Баерн Минхен. Сенегалскиот фудбалер има тешко детство, растел во симораштија, а сега во разговор за официјалната страница на Баерн откри интересни детали.

Тој откри кои му биле идоли додека бил дете, и дека собирал пари да купи дрес од својот идол.

„Мои идоли во детството беа Роналдињо и Ел Хаџи Диуф од Сенегал. Беа одлични играчи. Ги гледав нивните натпревари со часови и пробував да ги копирам се што прават.“, рече Мане и додаде:

„Мојата мајка ми подари дрес на Ел Хаџи Диуф, а кога бев малку постар, купив од Роналдињо. Работев дополнително, штедев само да купам дрес. Ми беше чест да го носам неговото име на грбот. Не сакав да ги соблекувам дресовите, секој ден ги носев“, додаде Мане.

Се вчитува...