Добредојде во Фенербахче, Џани Алиоски (видео)

Езгијан Алиоски е ѕвезда на денот во фудбалска Турција, откако македонскиот репрезентативец го комплетираше трансферот во редовите на Фенербахче.

Поврзуван со Трабзон и со Бешикташ, Алиоски на крајот потпиша со Фенербахче, за што како што кажа тој самиот – голема улога има Елиф Елмас и неговите совети токму овој гигант од Истанбул да биде нов клуб на довчерашниот играч на Ал Ахли.

Во Фенербахче се свесни дека добиваат врвно засилување, па во денешниот ден „сино-жолтите“ објавија видео со пораки од новите соиграчи на Алиоски, како му посакуваат добредојде на нашиот репрезентативец.

Се вчитува...