ЛШ квалификации: Реми на дербито во Монако, Ренџерс „шокиран“, Бенфика го „растури“ Митјиланд (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа пет натпревари во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Веќе претходно беше познато дека Динамо Загреб го совлада тимот на Лудогорец во Разград со 1-2, додека важна победа оствари и Плзен на гостувањето кај Шериф со истиот резултат.

Дербито меѓу Монако и ПСВ заврши без победник 1:1. Холандскиот тим имаше водство на полувремето со голот на Верман, а израмни Дисаси во 80. минута.

Блиску до плеј-офот е тимот на Ројал Унион од Белгија, кој го изненади финалистот во Лигата на Европа, тимот на Глазгов Ренџерс победувајќи го со 2-0. Теума и Ванзеир од пенал беа стрелци на головите.

Бенфика е најсигурен патник во следната фаза, откако вечерва на свој терен го совлада дански Митјиланд со 4-1. Португалците победија благодарение на трите гола на Рамос, а еден гол постигна Фернандез. Данците само намалија преку Систо од белата точка во 77. минута.

Се вчитува...