Луис Хамилтон стана косопственик на НФЛ тим

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон стана еден од сопствениците на професионалната франшиза во американски фудбал, Денвер Бронкос.

Хамилтон и се придружи на Волтер-Пенер конзорциумот, која ја предводи сопственикот на Волмарт, Роб Волтон, а кој годинава го купи клубот за 4,65 милијарди долари.

„Хамилтон е врвен натпреварувач кој знае како треба да се предводи победнички тим, а воедно е и голем поборник за еднаквост“, објави НФЛ екипата на Денвер. 

Се вчитува...