Мевлан Адили потпиша за руски СКА Хабаровск

Стоперот Мевлан Адили е нов фудбалер на рускиот СКА Хабаровск. Станува збор за тим кој се натпреварува во втората по ранг руска лига.

Адили е 28-годишен дефанзивец, настапуваше во Шкупи и Шкендија во нашата земја, а има и интернационална кариера играјќи во романски Арад, потоа во алгирис, а досега настапуваше за Влазнија од Албанија.

Адили потпиша едногодишен договор, со опција да продолжи на уште една.

Се вчитува...