Алекс Телес заминува од Манчестер Јунајтед

Алекс Телес кариерата ќе ја продолжи во Севилја како позајмен играч до крајот на сезоната, пренесува доборупатениот Фабрицио Романо. Бразилскиот интернационалец по пристигнувањето во Манчестер Јунајтед во 2020 година не успеа да се наметне во премиерлигашот, а не успеа да ја добие довербата и на новиот стратег Ерик тен Хаг.

Во договорот со шпанскиот клуб нема опција за откупување на договорот што значи дека играчот кој го чинеше англискиот тим 40 милиони евра од следната сезона повторно ќе добие шанса за докажување на „Олд Трафорд“.

За Севилја тоа е второ засилување ова лето по ангажманот на Маркао од Галатасарај. Претходно од клубот заминаа Џулс Кунде, Диего Карлос, Лук де Јонг и Алехандро Позо.

Се вчитува...