Машката кадетска репрезентација вечерва го одигра вториот натпревар во рамки на пријателскиот меѓународен турнир кој од вчера до 5. август се одржува во Скопје.
Во натпреварот против силната репрезентација на Шпанија, избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ го запишаа вториот пораз, по оној синоќа од Израел.
Кадети и покажаа силен отпор на кадетската црвена фурија. Тие го поведоа водството на почетокот на натпреварот, најавувајќи борба до последната топка. По нивните пет воведни поени, ги казнивме со реализација на шут од далечина, а успеавме и да ги искористиме нивните грешки па така од линијата за казнени поени со мини серија од 0-6 ја намаливме негативата на два поени (11-9). Неколку брзи акции за една минута во вториот период им беа доволни на нашите вечерашни противници за да наталожат десет поени предност (23-12) кое го одржуваа без многу проблеми до крајот на првиот дел од натпреварот (41-26). Вториот дел од натпреварот беше пресликување на играта од првиот дел. Шпанците ја зголемија предноста на +20, што им беше сосема доволно за сигурна победа од 89-58 односно 19-12, 22-14, 21-15 и 27-17 по делници.
Во листата на стрелци се запишаа Јаничиќ (11), Луканоски (10), Зетов (9), Трајанов (9), Стојковиќ (8), Кириловски (4), Лазарев (3), Марјановиќ (3), Тачи (1).
Последниот натпревар за овој турнир ќе го одиграме утре (4.08) против Турција, со почеток во 20:30 часот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА