Каспер Шмајхел по 11 години поминати во дресот на Лестер ова лето ги промени клупските бои и се пресели во Ница, потврди и францускиот клуб. Сумата на трансферот останува непозната за јавноста, а се проценува дека станува збор за над 15 милиони евра.
Данскиот чувар на мрежата кој ќе биде запомент како еден од клучните играчи во легендарната генерација на клубот која во 2016 година сензационално ја освои Премиерлигата за Лестер настапи на 479 натпревари со кои е трет на вечната листа во клупската историја. Покрај Премиерлигата тој му помогна на клубот да стигне и до трофеите во ФА Купот и Комјунити Шилд во 2021 година.
„Во времето кое го помина со нас, посебно како капитен и ко-капитен, Каспер секогаш беше играч подготвен да стане и да ја превземе одговорноста предводејќи го тимот. Неговото влијание на теренот и надвор од него доволно говори за него како професионалец, како фудбалер и како прекрасен човек“, изјави претседателот на Лестер, Шривадханапраба.
🇩🇰 Viking coming!
Kasper #Schmeichel joins #OGCNice! pic.twitter.com/LjZ65V96LZ
— OGC Nice 🇬🇧🇺🇸 (@ogcnice_eng) August 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА