Лоши вести за Лапорта, УЕФА одби да биде гаранција за кредит на Барселона!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта доби лоши вести за неговиот проект да создаде силна Барселона, која во следната сезона ќе се бори за голем број трофеи. Многу фудбалери од тимот на Каталонија беа приморани да ги намалат платите, со цел да се ублажи финансиската криза.

Барса дури продаде дел од ТВ правата, па затоа успеа да обезбеди неколку квалитетни засилување ова лето. Уште еден чекор во надминување на кризата требаше да биде новиот комерцијален кредит. Гаранција требаше да пристигне од Европската фудбалска унија, која се огласи и го одби овој предлог.

Шпанскиот клуб е изненаден од реакцијата на УЕФА, имајќи предвид дека гаранција требаше да бидат приходите од настапот во Лигата на шампионите во новата сезона.

Се вчитува...