Екипата на Шкупи се јави со реакција по повод вчерашниот пат на тимот до Даблин. Тимот иако патувал со чартер лет, не слетал во главниот град на Ирска, каде што ќе се игра натпреварот, туку 300 километри од него, па потоа експедицијата морала со автобус да патува до местото каде што ќе се игра натпреварот.
Од тимот порачуваат дека ваквите „евтини трикови“ нема да ги пореметат играчите вечерва да го дадат максимумот.
„Нашиот тим се соочи со срам и измама. Се обидовме на нашите играчи да им овозможиме удобно патување, па од тука резервиравме чартер лет и плтивме илјадници евра, се со цел играчите да пристигнат здраво. Но, ирската влада не ја послуша УЕФА. И покрај интервенцијата, Ирците го приземјија нашиот авион на 300 километри од Даблин, и ни приреди незаслужен претрман. Исто така по натпреварот, треба повторно да патуваме 300 километри. Тоа не е направено на ниту еден тим, освен на нашиот“, се вели во реакцијата.
„Сакаме да им порачаме на Ирците дека имаме силен карактер. Ќе го покажеме нашиот карактер, и вечерва ќе излеземе како лавови на теренот. Нема да паднеме на ваквите евтини трикови, но сметаме дека ваквите работи не смеат да останат неказнети. Дали вака ќе се однесуваа кон некоја италијанска, германска или англиска екипа?“, прашуваат од тимот од Чаир.
Тие бараат од македонското МНР тимот од Даблин да се врати во Скопје.
„Бараме министерството за надворешни работи на Македонија да ни овозможи вечерва од Даблин да се вратиме назад“, се вели во објавата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА