Репрезентативецот на Холандија, Матијас Де Лихт летово направи трансфер и од Јувентус премина во редовите на Баерн Минхен. Младиот дефанзивец направи изненадувачки трансфер откако реши да ја напушти „старата дама“ и првенството каде што стекна големо искуство.
Матијас за медиумите од Германија истакна дека од Јувентус си заминал без проблеми, а причината била што почувствувал дека е време за трансфер.
„Со Јувентус имав уште две години од договорот. Во Италија станав комплетен дефанзивец, но дојде време за нов предизвик во ново опкружување. Баерн се појави со понуда и не размислував многу. Добро знам што ме чека, кога потпишувате за големи клубови притисок секогаш има. Баерн е тим кој игра напаѓачки и таков стил ми одговара“, изјави Де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

