Менаџерот на Евертон, Френк Лампард, потврди дека напаѓачот Доминик Калверт-Лјуин ќе го пропушти почетокот на сезоната на неговиот тим откако се здоби со повреда на коленото. Калверт-Лјуин сега е еден од само двајцата високи напаѓачи на „Гудисон Парк“ заедно со Саломон Рондон.
Репрезентативецот на Англија ниту претходната сезона не можеше да се истакне поради тешка повреда, па едвај запиша само со 17 настапи во Премиер лигата.
„Допрва ќе се утврди тежината на повредата на Доминик. Засега не е познато колку ќе биде отсутен од терените, останува само да се надеваме дека нема да биде долго. Тој изгледаше во одлична физичка кондиција и тренираше навистина добро. Тоа беше чудна повреда на тренингот … Штета е, но мораме да најдеме решение додека не се врати во тимот“, изјави Френк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

