Поранешниот напаѓач на Брегот на Слоновата коска Аруна Коне, не размислува за пензија. Иако оваа година ќе наполни 39 години, играше на Мундијалот во 2006 година, потпиша за белгиски деветолигаш.
Коне потпиша договор со аматерскиот клуб Верде. Се работи за мал тим, кој доаѓа од град со 3.000 жители.
Коне во минатото играше во разни клубови, како ПСВ, Севилја, Хановер, Леванте, Виган, Евертон, а потоа во Сиваспор. Со ПСВ освои титула во Холандија, а со Виган изненадувачки во 2013 година дојде до трофејот во ФА Купот.
За репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска играше 39 пати, и постигна девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

