Тренерот на Митјиланд: „Чудо не е доволно, ќе ни треба Бог, а јас во него не верувам“

Митјлиланд загуби од Бенфика во првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите со 4-1, и сега на реваншот ќе му треба победа од три разлика за да се пласира во плеј-офот.

Тренерот на данскиот тим, Хенрик Јенсен не е уверен дека неговиот тим може да направи сензација. Тој смета дека чудо нема да биде доволно, туку треба Бог да помогне, но Јенсен не верува во него.

„Се соочивме со одлична екипа. Бевме добри во првите 20 минути, а потоа Бенфика ја покажа својата ефикасност. Се надевам дека ќе имаме среќа во реваншот. Гледаме на овој меч како шанса да учиме. Можеме секогаш да кажеме дека головите ги примивме по грешка, но јас не гледам така. За да поминеме понатаму, чудо не е доволно. Потребен ни е и Бог или не знам ни јас што, но јас во Бога не верувам. Ќе биде тешко, но најважно ми е добро да играме“, рече Јенсен.

Се вчитува...