Супер-Куп на Македонија: МЗТ Скопје против ТФТ на крајот од септември

Новата сезона од кошаркарскиот шампионат на Македонија и оваа година ќе стартува со Супер-купот во организација на КФСМ, дуел во кој силите ќе ги одмерат шампионот МЗТ Скопје и освојувачот на куп-трофејот, ТФТ.

Двата тима ќе ги одмерат силите кон крајот на месец септември, меч што ќе биде „генералка“ за „металците“ пред стартот на АБА-лигата. За ТФТ пак дуелот од Супер-купот на Македонија ќе следи по завршувањето на квалификацискиот турнир за Лигата од Шампионите на кој домаќин ќе биде токму тимот од скопско Тафталиџе.

МЗТ Скопје е актуелен освојувач на Супер-купот на Македонија, откако во ланскиот меч во неизвесна завршница го совлада Работнички со минимални 79-78.

Се вчитува...