Започнува Премиерлигата: Сити го брани трофејот од Ливерпул, фаворити од сенка Арсенал и Тотенхем

Со натпреварот помеѓу Кристал Палас и Арсенал вечерва започнува англиската Премиерлига. Според многумина новата сезона ќе биде едно од најинтересните и најнеизвесни првенства, а во центарот на вниманието ќе биде новата битка за титулата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Овојпат можеби надополнета со фаворити од сенка како Арсенал, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Челси.

Пред самиот почеток, анилитичарите се занимаа со трансферите кои се случија во Премиерлигата досега летово, а бројките кажуваат дека најмногу пари за засилувања потроши тимот на Арсенал, се со цел да избори место во Лигата на шампионите следната сезона.

„Топџиите“ потрошија речиси 140 милиони евра на Габриел Жезус, Фабио Виериа и Олександар Зинченко со што се искачија на третото место на листата на „трошачи“ во последните пет години веднаш зад Челси и Манчестер Сити.

Тотенхем со Антонио Конте успеа да се рехабилитира претходната сезона, а сега со шест нови играчи во ротацијата ќе цели на висок пласман. „Петлите“ заедно со „топџиите“ се очекуваат да бидат едни од најпријатните изненадувања во сезоната 2022/23.

Манчестер Јунајтед во новата сезона влегува во ерата на Ерик тен Хаг, а и покрај тоа што се очекува вистинското лице на „црвените ѓаволи“ да биде познато во следните години, се чини дека најтрофејниот клуб во Премиерлигата нема да биде за предмет за потсмев како во претходната сезона.

Слична е ситуациајта и во Челси каде по заминувањето на Роман Абрамович тимот влегува во „американска ера“. Во тимот владее незадоволство поради минутажата кај одредени играчи, а притоа не се прослави на трансфер маркетот ова лето.

Но, и покрај проблемите се засили со имиња како Рахим Стерлинг и Калиду Кулибали, а на прагот е да го добие и Марк Куркурелја па останува да видиме како Томас Тухел ќе ги „посложи парчињата од сложувалката“.

Се вчитува...