ЦСКА Москва ја тужи Евролигата за противзаконско исфрлање од натпреварувањето

ЦСКА Москва ја тужи Евролигата за противзаконското исфрлање од натпреварувањето за сезоната 2022/23. Одлуката на Судот во Луксембруг треба да биде позната наскоро и истата предизвика голем интерес во Европа со оглед на тоа што ЦСКА Москва како еден од единаесетте тимови акционери има загарантирано место во натпреварувањето.

Како потсетување, поради војната помеѓу Русија и Украина, руските тимови беа искучени од Евролигата и на средина на претходната сезона, а одлуката продолжи и за новата сезона. На оваа тема неодмана говореше и претседателот на московскиот клуб, Андреј Ватутин кој изјави дека ненастапувањето во Евролигата ќе биде шанса за докажување на младите кошаркари.

„Очигледно не загрижува фактот дека нема да настапуваме во Евролигата, но нема да плачеме за тоа. Новата сезона ја гледам како можност за младите играчи“, изјави Русинот за РИА.

Со таа цел ЦСКА Москва ова лето го ангажираше македонскиот стратег Емил Рајковиќ кој се докажа како еден од најдобрите стратези во ВТБ лигата во претходните сезони.

Се вчитува...