ДЦ Јунајтед потврди за Барди: Се водеа сериозни преговори

Енис Барди бил блиску до ангажман во МЛС лигата во тимот на ДЦ Јунајтед. Иако биле пред завршни преговори, во последен миг македонскиот репрезентативец се премислил и се решил да не ја прифати понудата од САД.

За преговорите потврди и ДЦ Јунајтед, кој потврди дека разговарал со играч од Шпанија, но дека преговорите завршиле безуспешно.

„Д.Ц. Јунајтед продолжува да ги следи движењата пред крајниот рок за трансфер преодниот рок кој завршува вечерва. Сериозните разговори со играч од Шпанија завршија без успех. Тимот нема да форсира, и доколку не дојде до нови засилувања, ќе заштеди ресурси за зимата“, напишаа од ДЦ Јунајтед.

Се вчитува...