Роналдо останува во Јунајтед, понуда пристигнала само од Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо веројатно и следната сезона ќе остане во Манчестер Јунајтед, иако тоа не е негова желба. Ова лето е мачно за Португалецот, откако неговиот агент не успеа да му договори трансфер во клуб кој игра во ЛШ.

Според „Атлетик“, заминувањето на Роналдо сега кога се врати на тренинзите, пред самиот почеток на Премиерлигата е скоро невозможно. Кога Роналдо досега не успеа да пронајде клуб, јасно е дека во наредната сезона ќе го гледаме во Манчестер, потврдил изворот на „Атлетик“.

Информациите се дека Манчестер Јунајтед за Роналдо добил само една конкретна понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија кој на Португалецот му понудил рекордна плата. Сезоната во Англија започнува овој викенд, па ќе видиме дали после пропуштените припреми Роналдо ќе биде во прв план кај новиот менаџер, Ерик Тен Хаг.

 

 

 

Се вчитува...