Англиската фудбалска легенда Џејми Карагер, смета дека Манчестер Јунајтед треба што поскоро да се ослободи од Кристијано Роналдо.
Тој смета дека по доаѓањето на Тен Хаг, прво нешто што требало да го направи е да го продаде Португалецот.
„Би го продал Роналдо. Ова ќе беше мојата прва одлука ако бев на местото на Тен Хаг. Роналдо е повеќе од клуб, а ние зборуваме за еден од најдобрите клубови во Светот. Роналдо е еден од играчите кој може да се спореди со Лионел Меси. Може да се толерира кога станува збор за еден од најдобрите играчи во Светот, но сега во моментов тоа не е така“, рече поранешниот дефанзивец на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

