Рафаел Надал денеска ги разочара своите фанови објавувајќи дека поради нова повреда ќе мора да го пропушти Мастерс-турнирот во Монтреал.
Шпанскиот ас е надвор од терените уште од полуфиналето на Вимблдон, кога мораше да го предаде својот меч со Тејлор Фриц поради кинење на стомачните мускули. Тој тренираше без проблеми во изминатите денови, но по болката што ја почувствува на денешниот тренинг реши да не настапи во Монтреал.
„При обидот да тренирам сервис повторно почувствував болка уште вчера, болка што беше уште посилна денеска. Во консултации со својот тим решивме да не патувам за Монтреал, за да не ги загрозам шансите за настап на УС Опен. Се надевам дека повторно ќе играм во Монтреал следната година, впрочем тоа ми е еден од омилените турнири на кој имам освоено пет трофеи“, објави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

