На Садио Мане не му требаше многу време за да ги освои симпатиите на фановите на Баерн Минхен, а скромниот Сенегалец цел живот ќе го памети синоќешниот прв бундеслигашки дуел во дресот на Баерн.
Мечот беше за паметење, Баерн постигна пет гола уште во првото полувреме, на крајот славеше со 1-6, a Maне на дебито во Бундес-лигата веднаш се запиша во листата на стрелци. Садио е омилен лик во Минхен, па веднаш по мечот доби покана од навивачите да се качи на трибината и заедно со нив да ја прослави убедливата победа.
Сцени што најдобро ја опишуваат атмосферата што владее во Баерн околу Садио Мане, која го остава во заборав Роберт Левандовски по инсистирањето на Полјакот за заминување и изнудениот трансфер во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

