Стартува нова сезона во Првата македонска фудбалска лига, без очигледно најави за драматични размрдувања во однос на екипите кои ќе се борат за врвот и европската сцена и оние кои ќе бијат битка за опстанок. Новиот шампионат ќе брои 11 екипи, по откажувањето од настапот во ПМФЛ на поранешниот шампион Ренова.
Сосема е јасно дека Шкупи и Шкендија, повторно, ќе ја водат главната битка за титулата иако е очигледно дека чаирчани многу повеќе го искористија трансфер-периодот за освежување на своите редови. Сепак, Шкендија, пак, низ европските настапи покажува дека има и тоа како респектабилен тим за парирање на актуелниот шампион.
Дури 13 нови засилувања има во редовите на шампионот од Чаир што е и најголем број во однос на екипите од Првата лига, 12 нови имиња има кратовски Силекс, а десет нови имиња има во редовите на Брегалница која веќе се издвојува како стабилен прволигаш со сериозни европски амбиции. Квалитетно освежување на играчките редови има и за Струга ТЛ, Македонија ЃП и Работнички кои заедно со Брегалница ќе бидат силна битка „од сенка“ за Европа.
Се чини најголемото играчко засилување за новата сезона е од Струга ТЛ која го ангажираше поранешниот репрезентативец Бесарт Ибраими, a за одбележување е и враќањето на Крсте Велкоски во Работнички. Интересно име на домашната фудбалска сцена треба да биде и засилувањето на Брегалница, поранешниот фудбалер на белгиски Стандард Лиеж, Фајсел Касми.
Четири клубови ја почнуваат сезоната со нови тренерски имиња, во однос на претходната сезона, а седум остануваат со истите шефови на стручни штабови. ови шефови на стручните штабови во сезоната што почнува ќе имаат: Победа (Бобан Бабунски), Работнички (Љупчо Марковски), Шкендија (Артим Шаќири) и Скопје (Славчо Георгиевски).




Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

