Пејковска делегат во Кишињев, Божиновски контролор во Цирих

Македонката Александра Пејковска ќе биде делегат на натпреварот во Лигата на конференции помеѓу Петрокуб од Молдавија и Мол Фехервар од Унгарија. Тоа ќе биде и „деби“ на Пејковска како делегат на меѓународната сцена.

Натпреварот се игра во четврток со почеток во 19 часот, а првиот меч заврши со победа на Мол Фехервар од 5-0.

Во Лигата на Европа свој ангажман ќе има Емил Божиновски. Божиновски ќе биде контролор на натпреварот меѓу Цирих и Линфилд, кој се игра во четврток во 19 часот. Првиот меч заврши со победа на Цирих од 2-0.

Се вчитува...