Баерн Минхен вчера славеше убедливо со 1-6 во дуелот со Ајнтрахт Франкфурт. Баварците уште во првиот дел го решија победникот, откако водеа со 0-5, а во вториот дел постигнаа уште еден гол, но примија еден.
Примениот гол оди на вина на Мануел Нојер. Голманот на Баерн е познат по тоа што често знае да го напушти голот и да игра како дефанзивец, но синоќа тоа му се одби од глава. Нојер доби една топка од Лукас Хернандез, но лошо ја прими, а потоа се обиде да си поигра со противничкиот напаѓач, но тоа не му појде од нога.
Дриблингот беше очаен, топката му избега, па Муани намали на 5-1.
Oh no Neuer 😳
Frankfurt get one back. pic.twitter.com/0iJb3CKiVu
— ESPN FC (@ESPNFC) August 5, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

