Лоша вест од Белгија: Тешка повреда на Ердон Даци, сезоната за него е завршена

Македонскиот напаѓач Ердон Даци заработи тешка повреда, поради која ќе мора да паузира неколку месеци. Ова е шокантната вест која доаѓа од Белгија. Членот на Вестерло на тренинг ги скинал лигаментите на коленото, и сега следува долга пауза од неколку месеци. Веројатно за него е завршена оваа сезона.

Даци беше еден од заслужните што Вестерло избори место во белгиската „елита“ откако во втората лига постигна 10 голови.

Добрата сезона му донесе и повик во А националниот тим на Македонија на баражите со Италија и со Португалија. Добро тргна во новата сезона и веднаш постигна гол во првиот настап во белгиската „елита“, меѓутоа сега следува долга пауза.

Самиот Даци на Инстаграм ја потврди лошата вест и кажа дека за него сезоната е завршена, но дека ќе се врати посилен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erdon Daci (@erdonn.d)

Се вчитува...