„Де Јонг ќе оди во Англија, но не во Манчестер Јунајтед“

Поранешниот менаџер на Тотенхем Хари Реднап, изјави дека Френки де Јонг ќе оди во Англија, но во таборот на Челси, а не во Манчестер Јунајтед како што наголемо се пишуваше во изминатите два месеци.

Искусниот тренер од сигурни извори тврди дека Холанѓанецот ќе заврши во дресот на Челси, и смета дека тоа би бил фантастичен потпис. Иако „црвените ѓаволи“ договорија 63 милиони отштета за играчот од средниот ред, кој соработуваше со Тен Хаг, сепак, според Реднап трансферот нема да се случи.

„Манчестер Јунајтед нема да го добие, тоа го чув од самиот врв на клубот. Тој навистина сака во Челси. Де Јонг за Челси би бил фантастичен потпис“, тврди Реднап.

Претседателот на Барселона, пак, вчера изјави дека Де Јонг не е на продажба, но малкумина веруваат дека Холанѓанецот ќе остане на „Ноу Камп“.

Се вчитува...