Кулушевски стрелец, Тотенхем го преслуша Саутемптон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем со убедлив триумф од 4-1 над Саутемптон ја стартуваа новата сезона во англиската Премиер-лига.

Гостите одлично го отворија натпреварот и брзо стигнаа до водство од 0-1 со голот на Вард-Проуз во 12. минута. Сепак, тоа беше се што направија „светците“ на овој меч. До крајот на првото полувреме прво Сесењон во 21. минута израмни на 1-1, додека целосен пресврт донесе Дајер во 31. минута.

Во вториот дел со автоголот на Салсу во 60. минута веќе беше 3-1 за домаќините, додека конечните 4-1 ги постави шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски во 63. минута.

Голот на Кулушевски можете да го погледнете на следниот линк. 

ПРЕМИЕР-ЛИГА 1. КОЛО: 

Кристал П. – Арсенал 0-2

Фулам – Ливерпул 2-2

Тотенхем – Саутемптон 4-1

Бормут – Астон Вила   2-0

Лидс – Вулверхемптон   2-1

Њукасл – Нотингем Ф. 2-0

 

 

 

Се вчитува...