Лоша „тактика“ на Нотингем Форест: Изведуваат корнер без ниту еден играч пред голот (ВИДЕО)

Интересен детал се случи на натпреварот Њукасл – Нотингем Форест во 1. коло од Премиерлигата. Очигледно станува збор за нешто ново сервирано од новиот Премиерлигаш Нотингем.

Во 72. минута тие добија корнер, но интересно во моментот на изведување немаше ниту еден играч пред голот на противникот.

Дури откако го изведоа, дојдоа 6-7 играчи од позадина, но сето тоа беше лошо одиграно, што голманот на Њукасл лесно ја прибра топката во своите раце. Навистина лошо изработено и одиграно од „новајлијата“ во Премиерлигата.

Се вчитува...