Доктор Хемут Марко советникот во Формула 1 тимот на Ред Бул ја коментираше сезоната на Фернандо Алонсо во болидот на Алпин.
Двократниот шампион иако има 41 година и понатаму вози феноменално и во неколку наврати сезонава покажа неверојатни трки.
„Тој е неверојатно брз, неверојатно е какви трки вози и што се може да прикаже. Изненаден сум. Мислам дека е способен да победи и на 41 година. Единствено прашање е дали Астон Мартин може тоа да го направи следната сезона“, изјави Марко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА