Тухел потврди трансфер од Челси во Барселона

Веднаш по победата над Евертон вчера, менаџерот на Челси Томас Тухел потврди дека левиот бек Маркос Алонсо го напушта клубот, и заминува во Барселона. 32-годишниот лев бек е во Челси од 2016 година, сакал кариерата да ја продолжи во Барса, и побарал трансфер, со што „сините“ ќе му го овозможат, со оглед дека таму Челси ги има Чилвел и Кукурелја.

Претходно од Челси во Барселона замина Андреас Кристенсен. Алонсо поради трансферот го пропушти натпреварот вчера.

„Да, вистина е“, одговорил Тухел на новинарите кога бил прашан за Алонсо.

Алонсо одигра 211 меча за Челси, и постигна 29 голови, а имаше и 23 асистенции. Со лондонскиот клуб ги освои сите можни пехари: Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Премиер лигата и ФА Купот.

Се вчитува...