Големо засилување: Севилја го потпиша Иско од Реал Мадрид

Севилја комплетираше уште еден одличен трансфер откако андалузискиот клуб денеска го официјализираше доаѓањето на Иско Аларкон. Шпанскиот фудбалски генијалец пристигнува како слободен играч од Реал Мадрид, а Иско се согласил на многу пониска плата од онаа што ја земаше во Реал, само за да се пресели на „Санчез Пизхуан“.

Причината е Хулен Лопетеги, тренерот под чие водство одличниот плејмејкер ги имаше своите најдобри партии, како во дресот на Реал, така и во шпанската репрезентација. Иско е свесен дека по греењето на клупата на Реал ќе му биде неопходен тренер што ќе верува максимално во неговите квалитети, што беше главна причина и покрај побогатите понуди од Англија и од Италија да се реши на останување во шпанската Ла Лига.

Договорот е потпишан на две сезони, со можност на продолжување на соработката за уште 3една дополнителна година.

Се вчитува...