Екипата на Лил со победа ја стартуваше новата сезона во француската Лига 1. Тимот предводен од Пауло Фонсека на домашен терен го совлада новиот прволигаш Оксер со 4-1. Победникот беше решен уште во првите 39. минути кога Андре и два пати Дејвид стрелаа во противничката мрежа и донесоа 3-0. Зададка во 64. минута погоди за 4-0, а Шарбоние само успеа да намали.
Со победа стартуваше и тимот на Ленс кој го совлада Брест. Сотока е херој за домашниот тим постигнувајќи ги сите три гола, а имаше и еден промашен пенал. Во финишот од средбата Белкебла и Дел Кастилјо намалија на 3-2.
Победа оствари и тимот на Монпелје кој го совлада тимот на Троја со 3-2, а Анже и Нант одиграа без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА