Савевски: Заслужена победа на Германија, сега мислиме на Хрватска

Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во низа на СП за ракометарки до 18 години, губејќи од Германија со убедливи 21-34 во разигрувањето за пласман од деветтото до 16. место.

Селекторот Љубомир Савевски по мечот изјави дека Германките заслужено стигнале до триумфот.

„Видовме една одлична игра на Германките, играа перфектно. Иако се обидовме да парираме, имавме неколку пехови за време на оваа средба, кај нас и Велкова се повреди и не можеше да игра до крајот. Немавме решение за нивната одбрана, играа многу добро. Промашивме и во дадени ситуации. Девојките се бореа, но, сепак, можеби не стигнува заморот. На крајот победи подобриот противник. Сега ни следи натпревар против Хрватска, мораме прво да се опоравиме, па се надевам дека ќе имаме сила да парираме. Германките се исклучително квалитетна репрезентација, доста повисока од нас. Имавме шанса на ова СП да играме со Шведска, Исланд, Германија… многу големи ракометни имиња. Тука е мерилото. Ние сме добри, но недоволно за да парираме. Оваа генерација ќе има уште едно СП тука, во 2024 година, па се надевам дека ќе напредуваат малку повеќе“, изјави Савевски. 

Македонија сега ја очекува меч за 11. место во кое ќе се сретне со Хрватска.

Се вчитува...