Дарко Додев, фудбалерот на Брегалница постигна ремек дело гол во дуелот со Академија Пандев во Струмица. Играчот на штипските „сини“ со шут од левата страна ја искина пајажината од голот на Марко Јовановски, и погоди за израмнување на 1-1. Домашниот голман само со поглед ја испрати топката во својот гол.
Тој гол како да го најави пресвртот на штипјани во Струмица, па така потоа следуваше и голот на Ристески за водство од 1-2.
Дефинитивно голот на Додев е еден од најубавите кои ќе се видат ширум Европа викендов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

