Милан пред крајот на летниот трансфер период со сите сили тргнува по играчот за врска на ПСВ, Ибрахим Сангаре.
ПСВ го доведе Сангаре од Тулуз во 2020 година, а изминатата сезона тој запиша 49 меча и одигра одлично. Тој може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но најдобар е како дефанзивец играч за врска.
Италијанскиот шампион е во потрага по наследник на Кеси, па откако пропадна трансферот на Ренато Санчез сега се насочува кон Сангаре.
Во договорот на 24-годишниот играч со ПСВ има откупна клаузула од 35 милиони евра, но Милан сака да го донесе за 20 милиони евра и веќе постигнал договор со агентот на фудбалерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА