Шкупи утре го очекува реванш натпреварот против ирски Шамрок во рамките од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа. После првиот натпревар, чаирчани имаат негатива од 3-1, која ќе се обидат да ја надополнат утре на Националната Арена Тодор Проески.
Тренерот Гоце Седлоски ги искажа своите очекувања пред утрешниот меч. Шефот на стручниот штаб рече дека има верба во играчите и дека тимот ќе се обиде да направи резултат кој ќе го однесе понатаму.
„Кога играш европски натпревари, мораш да си 100% сконцентриран, не смееш да грешиш, противникот казнува. Криво ни е што примивме такви голови, почнувајќи од Динамо, пред тоа Линколн, сега и Шамрок. Имам верба во играчите, доколку се поставиме како што игравме второ полувреме таму, мора да тргнеме од почеток. Нормално, мора да бидеме внимателни и во одбраната. Играме против еден доста квалитетен противник. Гледате сами дека ирските екипи одат во следната фаза. Утре ние ќе се обидеме, со помош на навивачите кои ги повикувам да ни дадат поддршка, да направиме резултат кој не носи понатаму.
Капитенот Кристијан Наумовски истакна дека верува во добар резултат, доколку тимот одигра онака како што одиграл во вториот дел на гостувањето во Ирска.
„Можам да кажам дека Шамрок играше на резултат на домашен терен, и тоа го направи. Шамрок доаѓа со два гола предност, со таа последна шанса која ја направија. Фудбал се игра до крај. Овој резултат не го посакував и сум сигурен дека не го заслуживме. Не бараме алиби, сигурен сум дека игравме лошо прво полувреме, но во вториот дел го видовме вистинскиот Шкупи. Дадовме гол, имавме шанси за израмнување, но среќата ни го сврти грбот и на крајот бевме казнети. Црвениот картон исто така ни ги поремети плановите. Кога дадовме гол, кога создавовме шанси, противникот не мина половина, добивме црвен картон и резултатот е тој. Играме во Скопје сега пред наша публика, се прашуваме самите. Сигурен сум дека ако играме како што игравме во вториот дел таму, сигурен сум дека ќе се пласираме. Ја повикувам публиката да дојде да ни даде поддршка, а јас ветувам дека ќе го дадеме максимумот, ќе го остават срцето на терен, затоа што сите знаеме колку е важен овој натпревар“, рече Наумовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА