Лугано не сакаше да оди во Израел, УЕФА донесе „компромисна“ одлука

Фудбалерите на швајцарски Лугано ќе мора да отпатуваат во Израел на реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската лига против Хапоел Бер Шева и покрај воените настани во Појасот Газа, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Сепак, одлуката е „компромисна“ бидејќи мечот нема да се игра во Бер Шева, кој е блиску до Појасот Газа, туку Хапоел ќе треба да избира помеѓу Нетања или Хаифа.

Израелскиот тим го доби првиот натпревар во Швајцарија со 2-0.

Од истата причина веќе е откажан пријателскиот натпревар помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, кој требаше да се одигра во Тел Авив.

Се вчитува...