Јувентус без првиот голман на стартот од сезоната

Проблемите на тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри продолжуваат. Јасно е дека Јуве на стартот од сезоната нема да смета на неколку играчи поради повреди, а сега најтрофејниот италијански тим остана и без првиот голман Војчех Шчесни.

Полјакот ќе мора да паузира околу три недели поради повреда која ја заработи на пријателскиот натпревар со Атлетико. Станува збор за повреда на адукторот на левата надколеница.

Не е познато колку натпревари ќе пропушти Шчесни. Неговото место на почетокот од сезоната ќе го завземе Матиа Перин.

Се вчитува...