Македонската кошаркарска репрезентација ги започнува подготовките за престојните претквалификации за Европското првенство 2025 во кои силите ќе си ги одмериме со Данска и Словачка во првиот квалификациски прозорец.
Говорејќи за следниот предзвик, еден од најискусните во нашите редови, Бојан Крстевски вели дека екипата е покомплетна во однос на претходниот циклус, а од противниците позната е само Словачка. Данска и Новершка не се аткративни противници, но не смеат да се потценат.
„Пред се, имаме некои дваесетина дена, од кои седум во Маврово, добро да се подготвиме и да влеземе во натпреварувачки ритам. Екипата сега е малку повеќе комплетна во однос на претходно, имаме и нов селектор со кого добро се познаваме. Имаме еден контролен меч со Црна Гора, кој ќе биде најава за двата претквалификациски дуели“, вели Крстевски.
„Се надевам дека ќе ги минеме овие претквалификации. Словачка ни е добро позната, во неколку наврати имаме играно и имаме позитивен скор, се надевам дека така и ќе продолжи. Данска и Норвешка можеби не звучат атрактивно, но не може да се потценат, затоа што денес сите играат кошарка. Одиме чекор по чекор и се надевам на позитивен исход. Секој играч ни е добредојден напомош за овие предизвици“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА