Филип Лам го бојкотира Светското првенство во Катар

Поранешниот ас на Баерн Минхен и германската репрезентација, Филип Лам за германските медиуми изјави дека нема да оди во Катар за престојното Светско првенство. Причина за тоа е нискиот степен на запазеност на човековите права.

Лам притоа се чуди кои се критериумите и како може една држава во 21. век да биде наградена со организација на едно Светско првенство каде човековите права требат во преден план.

„Не сум член на делегацијата и нема да летам таму како навивач. Подобро ќе го гледам од дома. Човековите права треба да имаат најголема улога во организација на турнирот. Кога некоја дражва каде овие права се на најлошо ниво добива права на организација на едно натпреварување започнувате да се прашувате кои се критериумите“, вели Германецот.

Се вчитува...